X
 26.12.2018 Култура

Чарлс Буковски: Одете докрај!

Во продолжение ќе прочитате еден мал извадок од познатиот автор Чарлс Буковски. Нека ни послужи за мотив и инспирација.

„Ако сакате нешто да направите – одете докрај! Во спротивно, не ни започнувајте! Тоа би можело да значи дека ќе ја изгубите девојката, жената, роднините, работата, а можеби и главата!

Би можело да значи дека нема да јадете два, три, четири дена…

Би можело да значи дека ќе се смрзнувате на клупа во паркот. Можеби ќе ви донесе и затвор, исмејување или изолација...

Изолацијата е подарок, сè друго е проба на вашата издржливост... ваша желба да го правите тоа навистина!

А вие ќе успеете!

И покрај одбивањата и слабите шанси, ќе биде подобро од сè што можете да си замислите!

Ако веќе пробувате – одете докрај!

Нема слично чувство, ќе бидете сами со боговите, а ноќите ќе ви поминуваат во пламен. Ќе јавате на животот сè до совршената насмевка. И тоа е единствената борба што е вредна за вашиот труд!“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура