X
 02.03.2017 Култура

Иво Андриќ: „Зависта на луѓето, тоа е гневот на боговите“

„Знам дека колкаво и да е пространството на животот на површината, во ширина, толку го има и во длабочина, па невидливите и скриени можности на животот се безброј милиони пати поголеми од оние кои ги гледаме на површината. Единствено така е можно да се поднесе животот и мислата за смртта.

Само активните луѓе и нивната борбеност и безобѕирност го придвижуваат животот напред, но само пасивните луѓе и нивното трпение и добрина го одржуваат и го прават можен и поднослив.


Зависта на луѓето, тоа е гневот на боговите.

Гледајќи во едно човечко население во влажна нагорнина, со ограда, ми доаѓа мисла за вистинската намена на овој свет. Всушност, оваа планета е можеби едно перо, во кое е затворено сето она што вселената живеело, со една цел тука да замре.

Во големите болници има по една соба во која ги носат пациентите за кое ќе се види дали ќе живеат уште неколку часа. Во вселената, оваа наша земја е таква соба за умирање. А тоа што се размножуваме, тоа е само илузија, бидејќи се случува во границите на смртта на која сме осудени и заради која сме на земјата фрлени. Всушност, измерено со вселенска мерка, а кажано со човечки зборови: Вчера сме доведени, а утре нема да не има. Можеби травата ќе продолжи да расте и минералите ќе созреваат, но само за себе.

Кога ќе дојдат тешки, матни времиња и ќе зачестат судирите и тревогите помеѓу луѓето, одеднаш се отвора Библијата на нејзините најтемни страници и нашиот ужас или нашето неразбирање ќе ги најдат древните и познати зборови како единствен израз.

Војниците и полицијата кои до пред малку беа и убиваја, им видов во очите, длабоко под надворешниот бес и дрскост, речиси незабележливо колебање во кои имаше и животински страв и некаква желба да не се биде на тоа место, ниту пак во тој облик. Во тоа треперење во дното на зеницата, прочитав јасен и страшен детски Каинов одговор: Зар сум јас чувар на својот брат?

Не е смртта, туку заборавот кој решава се. Заборавот, и тоа не само на поимите, зборовите и лицата, туку и на сето она што постои и живее. Заборав на телата и забправ на времето. Заборав, за да може да воздивне и да се живее понатаму во тело без сеќавање, со дух без име. Заборав, смрт со право на надеж.

Одамна ми стана јасно дека не би имало смисла, дека не би било можно да се живее кога животот би бил онаков каков што изгледа, кога сите работи во животот би биле само она што нивното име кажува и ништо повеќе.

Кога некој нешто сака и за нешто се врзе, мисла, предмет или живо човечко битие, тој дава нешто од себе и е подготвен да дава и губи уште повеќе, без мерка и сметка, со истата нагонска безобзирност и жестокост со која луѓето се предаваат на грабеж. О тоа е до сега единствениот познат начин како еден човек може да им го даде на другите луѓе или работи околу себе и она што не мора и тогаш кога не мора. Така тоа што се нарекува љубов создава едно непрегледно и неразбирливо книговодство на меѓусебно давање и примање, а крајниот збир е краток,  јасен и разбирлив.

Со годините почнуваат и во најбурниот човеков живот, да се забележуваат извесни појави кои симетрично и рамномерно се повторуваат. И духот кој живее многу малку свесно не може да ги забележи. Така човекот гледа на својот живот од напред.

Да старееме, да умираме, тоа од секогаш сме го знаеле, иако бавно сме се навикнувале на таа мисла и тешко сме се помирувале со неа. Но, со годините, ни се јавуваат нови мисли со кои човек не може да се помири и кои не туркаат во старост пред време и во вистинска смрт пред умирање. Тоа е јасно сознание дека во она што е плодно, радосно и напредно во светот, ние се помалку и поретко учествуваме, дека има се повеќе подвизи во кои немаме удел, дека всшност, за нас, светот венее и умира пред нашите очи, а ние, уште живи, но надвор од животот, го набљудуваме немоќни, без зборови и потези.“
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура