X
 29.12.2016 Култура

Ова се најдобро украсените објекти во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /29.12.2016 година/ им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2016“.

- Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – со која ги поттикнуваме средните училишта и нашите сограѓани да ги украсат своите работни простории и домови со новогодишни декорации и да придонесат за разубавување на празничниот амбиент. Ме радува фактот што оваа манифестација е прифатена од граѓаните и тие учествуваат во сите категории, а за да се обезбеди максимална транспарентност изборот за најубаво новогодишно украсени објекти во градот го направи жири-комисија составена од претставници на медиумите. На наградените во првите три категории Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2016 година. Сакам да и се заблагодарам на сите за учеството во оваа манифестација, да им пожелам добро здравје и успеси во Новата година и да ги поканам нашите сограѓани и следната година во што поголем број да се вклучат во оваа акција и да дадат свој придонес за побогат новогодишен амбиент во градот- истакна градоначалникот Трајановски.



За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана куќата на Денчо Јосимов во населбата Радишани,



Комисијата за најубаво украсена тераса, ја прогласи терасата на Богоја Китанчев во населбата Дебар Маало,



Од пријавените угостителски објекти комисијата годинава за најубаво украсен објект го прогласи ресторанот „Рагуса“ во Центар.



За најубаво украсен двор на Средно училиште годинава е избран дворот на СУГС „Никола Карев“.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им даде благодарница на ЕВН Македонија за долгогодишната поддршка и за учеството во оваа градска манифестација.

Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека неговата компанија веќе традиционално учествува и ја поддржува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје, и нагласи дека и во иднина ќе бидат партнери на Градот во организирање на оваа манифестација.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура