X
 26.12.2018 Наука

Сте слушнале ли за планети наречени очни јаболка?

Дали сте слушнале за планети наречени очни јаболка? Да, научниците мислат дека може да има вид на егзопланети што изгледаат како големо очно јаболкце што „зјапа“.

Но, ова не е толку чудно колку што звучи - изгледот на овие тела е поврзан со синхронизираната ротација.

Синхронизираната ротација се случува кога некое тело ротира со истото темпо како што орбитира околу својата ѕвезда. Тоа значи дека секогаш има една страна свртена кон телото околу кое орбитира и една свртена на друга страна. Тоа е случај и со Месечината, поради што никогаш не можеме да ја видиме нејзината далечна страна од Земјата.

Но, во случајот на Земјата нема синхронизирана ротација и затоа имаме циклус на ден и ноќ, но, сепак, знаеме дека има егзопланети што синхронизирано ротираат околу нивните ѕвезди. Тоа значи дека на една страна постојано е ден, а на другата постојано е ноќ.

На двете страни има различни услови, па онаа каде што постојано е ден може да изгледа сосема различно од онаа на која е ноќ. Во зависност од тоа колку планетата е блиску до ѕвездата, едната страна може да биде сува, а другата, онаа во која е постојан мрак, може да биде обвиткана со мраз, формирајќи глацијален круг.

Тоа би изгледало вака:


Фото: Science Alert

Според едно истражување од 2013 година, можеби би имало услови за живот во тој круг кој е во вечен полумрак, со вода која доаѓа од глечерите што се топат и овозможува плоден регион каде што може да успее вегетацијата.  

Тоа е жешко очно јаболко.

Според астрономот Шон Рејмонд, има и ледено очно јаболко, кое е подалеку од топлината на ѕвездата. И таквиот вид планети имаат темна страна, но онаа што е свртена кон ѕвездата не е сува, туку е течен океан.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука