X
 26.12.2019 Наука

Илјадници луѓе во Азија го гледаа „огнениот прстен“

Во неколку азиски земји луѓето се собираа поради групно следење на затемнувањето на Сонцето, познато и како „огнен прстен“. Оваа природна појава можеше да се набљудува од Шри Ланка, Индонезија, Индија, Саудиска Арабија и другите околни земји.

Прстенестото затемнување на Сонцето се случува кога Месечината го покрива центарот на Сончевиот диск, создавајќи  огнен прстен на небото.

Затемнувањето на Сонцето обично се случува еднаш или двапати годишно, кога Земјата е целосно или делумно во сенка на Месечината. Претходното затемнување на Сонцето се случи на 2 јули и можеше да се види само во Јужна Америка.

Следното целосно затемнување на Сонцето ќе се случи на 14 декември 2020 година и ќе биде видливо во Чиле и Аргентина, како и над Југозападна Африка и Антарктикот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука