Еколошкото друштво „Планетум“ во Струмица го постави првиот паметен соларен држач за велосипеди, кој е инсталиран во дворот на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во градот. Станува збор за инсталација која е првпат поставена во нашата земја, има 4 соларни панели кои сончевата енергија ја претвораат во електрична, со што се придонесува за зачувување на животната средина.
Соларниот паркинг не е само обичен паркинг за 13 велосипеди, туку паметен уред каде што може да се наполни батеријата на паметен телефон, лаптоп, таблет, а има и можност за безжично полнење. Ја има можноста преку безжичен интернет-рутер да се добијат локални податоци и активно мерење на температурата и квалитетот на воздухот.
Од фејсбук-страницата на школото „Јане Сандански“
Соларниот држач има свое ЛЕД-осветлување и шанк-подлога. Конструкцијата е галванизиран челик и е „антивандал“ производ.
Поставувањето на оваа паметна урбана опрема е проект на „Планетум“ во соработка со Општината и училиштето.