X
 06.03.2015 Живот

Што го прави еден човек да биде генијалец?

Генијалците имаат способност да го променат светот и животот на другите луѓе. Но, во што точно генијалецот се разликува од останатите луѓе?

Како што наведува професорот Алан Сјандер, директор на Центарот за истражување на мозокот на Универзитетот во Сиднеј, овој термин најчесто погрешно се перцепира и е тешко да се дефинира.

„Генијалците го сочинуваат мал процент од човештвото, а сигурно не станува збор за коефицентот на интелигенција. За мене тоа се луѓето кои ни овозможуваат светот да го видиме во ново светло“, вели тој.

И додека интелигенцијата не претставува условен фактор, она што е неопходно за една личност да е гениј секако е високото ниво на креативност и упорност.

Тоа најдобро може дас е види кај австралискиот научник Бери Маршал кој во 2005 година добил Нобелова награда за медицина, откривајќи дека стомачниот чир е предизвикан од бактерија, а не од стрес.

Маршал заедно со неговиот колега, патологот Робин Ворен, верувале дека настанувањето на чирот е предизвикан од бактерии, но нивната теорија не можеле да ја потврдат бидејќи врската не била потврдена во текот на експериментот со лабораториски глувци, а експериментите на луѓе биле забранети.

Во очај, професорот Маршал ја помешал бактеријата во супа и ја испил течноста. После неколку дена се покажало дека неговата претпоставка била точна - Маршал добил чир и се покажало дека овој медицински проблем може да се излечи со антибиотици.

„Во некоја крајна смисла, креативноста претставува акт на побуна. Морате да бидете подготвени до крај да се борите за сопствените идеи, дури и тогаш кога сите останати сметаат дека не сте во право. Она што ги издвојува „шампионите“ од останатите луѓе е гушењето при помислата дека се просечни - ваквите луѓе сакаат да работат нешто уникатно“, вели Снајдер.

Но доблеста која повеќе од било што ги карактеризиа генијалците е способноста никогаш да не престанат да размислуваат за проблемот, тврди професорот Мекмахон, автор на книгата „Divine Fury: A History of Genius“.

„Во филмот „The theory of everything“ оваа карактеристика е одлично прикажана. Имено, физичарот Стивен Хокинг и покрај неговата болест се обидува да се качува по скалите од неговиот дон, покажувајќи капацитет за упорно барање на решението на подолга стаза. И покрај тоа што оваа карактеристика често се смета за тврдоглавост или опсесија, токму во неа се разликуваат генијалците од интелигентните луѓе“, заклучува Мекмахон.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот