X
 03.01.2025 Живот

Ова се најскапите недвижности продадени во САД во 2024 година

Најскапата недвижност продадена во САД минатата година е замок во Јужна Калифорнија, а купувачот платил неверојатни 96 милиони долари.

Вила на карпа со пет спални соби и десет бањи му овозможи на купувачот да ужива во  прекрасен поглед на Пацификот, источно од Санта Барбара, за 96 милиони долари.

2
Фото: Redfin

Втората најскапа куќа продадена оваа година во САД чинеше 77 милиони долари, а се наоѓа во познатиот ски-центар Аспен. Има осум спални соби и девет бањи.

3
Фото: Redfin

Населбата Флетбуш во Бруклин, Њујорк, е локацијата на третата најскапа недвижност продадена оваа година. Оваа куќа била изградена во 1940 година и е продадена за нешто повеќе од 75 милиони долари. Има пространа дневна соба и галерија, како и доволно квадрати за да се подели просторот на три спални соби.

Четвртата најскапа куќа на листата е продадена за 72,2 милиони долари во Мајами, Флорида. Куќата има девет спални соби, 11 бањи и поглед на плажата „Мајами бич“.

Петтиот најскап дом продаден во САД за оваа година чинеше 66,5 милиони долари, исто така лоциран во Аспен. Има пет спални соби и шест бањи.

Најскапиот продаден имот никогаш не бил огласен


Просечната цена на 10. најскапи недвижности продадени оваа година, според податоците на „Редфин“, е околу 70 милиони долари.

Сепак, една продажба никогаш не се најде на листата на „Редфин“ и таа е убедливо најскапата оваа година. Имотот што оваа година беше продаден во Малибу, Калифорнија, за неверојатни 210 милиони долари, всушност, никогаш не беше огласен. Имотот го продаде основачот на „Оукли“, Џејмс Џанард, чие богатство се проценува на 1,3 милијарди долари. Вилата покрај море има 8 спални соби, 14 бањи, а нејзината продажба била најскапата во историјата на Калифорнија.

Извор: Forbes.n1info.hr
Фото: Redfin
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот