X
 27.01.2021 Живот

ИКЕА купи над 4.000 хектари шума со цел да ја заштити

ИКЕА се обидува да им остане верна на своите принципи, заштитувајќи ја животната средина и стремејќи се да стане јаглерод-неутрална компанија, а истовремено да овозможува едно од најпријатните шопинг-искуства во светот.

Последниот потег на компанијата е откупување над 4.000 хектари шума во Џорџија. За да се осигури дека ќе остане недопрена и ќе продолжи да апсорбира СО2 од атмосферата, ИКЕА ја купи шумата како дел од стратегијата за намалување јаглерод.

Шумата, која е дом на желката гофер, сега е во сопственост на подружница на ИКЕА, „Ингка груп“, која работи со Фондот за зачувување, непрофитна организација што штити над 3 милиони хектари шуми во САД од фрагментација и развој.

„Ингка груп“ во моментов поседува 250.00 хектари шуми во САД и во Европа, притоа избирајќи да ги обезбеди највисоките меѓународни стандарди за добро управување со шумите.

ikea
Фото: Wikipedia

- Добро управуваните шуми обезбедуваат суштински придобивки, вклучувајќи чиста вода и живеалиште на дивиот свет, како и ублажување на климатските промени. Трансферот на овие земји на „Ингка инвестментс“ го комплетира нашиот процес преку кој идентификуваме и купуваме важни приватни шуми кои се во ризик - вели Лери Селцер, претседател и извршен директор на Фондот за зачувување.

Управувањето со шумите е само еден од начините на кој најголемата продавница за мебел во светот се обидува да стане неутрално-јаглеродна компанија. Од ИКЕА неодамна објавија дека ќе почнат да купуваат користен ИКЕА-мебел од клиенти за повторна продажба, додека електричните комбиња и материјали што помалку емитуваат јаглерод ќе се користат и во пакувањето и во производството.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот