Непочитувањето на протоколите за заштита од коронавирусот и недисциплината се главните причини за негово зголеменото ширење и затоа се размислува за засилување на мерките и посилни контроли, најави министерот за здравство Венко Филипче.
- Целта е да се избегнат рестрикции и мерки кои ќе го ограничат движењето на граѓаните, но доколку е нужно, и тоа ќе биде донесено - изјави Филипче на денешната прес-конференција и ги повика граѓаните, но и бизнисмените, особено во угостителството, строго да ги почитуваат заштитните мерки.
Тој најави дека се разгледуваат нови мерки деновиве, како редуцирање на капацитетите на угостителските објекти, а можна е и нова мерка за задолжително носење заштитна маска за лице дури и на отворено.
Фото: Влада