Очекувано е извршните директори на големите компании да заработуваат многу повеќе од своите вработени, но ретко се зборува за огромната разлика помеѓу примањата на директорите и работниците.
„Бизнис инсајдер“ неодамна пресмета колку време им е потребно на извршните директори на 19 најголеми американски компании за да ја заработат просечната годишна плата на нивните вработени. Резултатите покажуваат дека за многу директори, потребно е помалку од еден ден за да го заработат износот што го земаат вработените во нивната компанија.
Сафра Кац, извршен директор на „Оракл“ - 30 дена и 10 часа
Заработка: 965.981 долар
Просечна годишна заработка на вработен: 83.813 долари
Однос: 12:1
Џен-Хсун Хуанг, извршен директор на „Нвидија“ - 4 дена и 4 часа
Заработка: 13.642.838 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 155.035 долари
Однос: 88:1
Сасан Гударзи, извршен директор на „Интуит“ - 3 дена и 5 часа
Заработка: 17.933.345 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 157.232 долари
Однос: 114:1
Крег Џелинек, извршен директор на „Костко“ - 2 дена и 4 часа
Заработка: 8.016.200 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 47.312 долари
Однос: 169:1
Алфред Ф. Кели Џуниор, извршен директор на „Виза“ - 2 дена и 4 часа
Заработка: 24.265.771 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 142.494 долари
Однос: 170:1
Чак Робинс, извршен директор на „Сиско“ - 2 дена
Заработка: 25.829.833 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 142.593 долари
Однос: 181:1
Марк Бениоф, еден од извршните директори на „Сејлсфорс“ - 1 ден и 23 часа
Заработка: 28.391.846 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 151.955 долари
Однос: 187:1
Фото: Pixabay.com
Тим Кук, извршен директор на „Епл“ - 1 ден и 20 часа
Заработка: 11.555.466 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 57.596 долари
Однос: 201:1
Омар Ишрак, извршен директор на „Медтроник“ - 1 ден и 13 часа
Заработка: 17.796.325 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 74.206 долари
Однос: 240:1
Сатја Надела, извршен директор на „Мајкрософт“ - 1 ден и 11 часа
Заработка: 42.910.215 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 172.512 долари
Однос: 249:1
Стив Молекоф, извршен директор на „Квалком“ - 1 ден и 10 часа
Заработка: 23.065.052 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 90.259 долари
Однос: 256:1
Карлос Родригез, извршен директор на АДП - 1 ден и 5 часа
Заработка: 19.000.187 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 63.225 долари
Однос: 301:1
Фото: Pixabay.com
Марк Г. Паркер, поранешен извршен директор на „Најк“ - 15 часа и 56 минути
Заработка: 13.968.022 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 25.386 долари
Однос: 550:1
Фабрицио Фреда, извршен директор на „Есте Лаудер“ - 12 часа и 34 минути
Заработка: 21.435.428 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 30.733 долари
Однос: 697:1
Дејвид П. Роланд, поранешен в.д. извршен директор на „Аксентур“ - 10 часа и 43 минути
Заработка: 15.031.875 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 18.392 долари
Однос: 817:1
Боб Ајџер, извршен директор на „Дизни“ - 9 часа и 37 минути
Заработка: 47.517.762 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 52.184 долари
Однос: 911:1
Даг Мекмилон, извршен директор на „Валмарт“ - 8 часа и 8 минути
Заработка: 23.618.233 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 21.952 долари
Однос: 1.076:1
Ерни Херман, извршен директор на ТЈХ - 5 часа и 29 минути
Заработка: 18.822.770 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 11.791 долари
Однос: 1.596:1
Кевин Чонсон, извршен директор на „Старбакс“ - 5 часа и 14 минути
Заработка: 19.241.950 долари
Просечна годишна заработка на вработен: 11.489 долари
Однос: 1.675:1
Автор: Енди Кирц
Извор:
businessinsider.com