Според едно
истражување, луѓето во просек оставаат над 20 отсто бакшиш во рестораните. Истовремено, речиси никој не го остава кусурот кога купува производи на пазар. Исто така, статистиката покажува дека 1 од 5 сопственици на „ајфон“ постојано има проблеми со пари.
Оттука се наметнува прашањето зошто некогаш трошиме повеќе пари отколку што треба?
Не ја забележуваме разликата кога сумата е голема
Откако ќе вечерате во ресторан и келнерот ќе ви ја донесе сметката од 550 денари, веројатно ќе му дадете 600 денари и ќе заборавите на кусурот. Може да сметате дека тоа е мала сума бидејќи цената на вашата храна е речиси 6 пати повисока од тоа.
Друга е ситуацијата кога купувате неколку килограми компири од земјоделецот за 150 денари, а му давате 250. Тешко дека некој ќе одбие да го земе кусурот бидејќи за тие пари може да се купи речиси двојно повеќе компири.
Фото: Pixabay
Не сакаме никој да мисли дека сме многу сиромашни
Тука повторно станува збор за психологијата. Во овој случај зборуваме за „ефект на толпата“. Во скапите кафулиња и ресторани келнерите често не го носат кусурот додека не им кажете, па луѓето оставаат голем бакшиш. Потсвесно, почнуваме да мислиме дека е погрешно да се однесуваме различно од другите.
Се чувствуваме опуштено од скапото опкружување
Што ги обединува брендирана продавница за облека, ресторан и салон за автомобили? Опкружувањето! Сопствениците на овие места користат скапи дизајни и мебел за да нè воведат во светот на луксузот. На вакви места забораваме да ги броиме парите.
Сакаме да ги импресионираме луѓето околу нас
Експеримент во бихевиорална економија открива дека ако им дадете на луѓето избор да заработат 50.000 денари, додека другите заработуваат 25.000 денари, луѓето секогаш ја избираат првата опција.
Овој факт потврдува дека често сме склони кон тоа да ги импресионираме другите луѓе. Освен тоа, природно настојуваме да бидеме „над другите“.
Ни се допаѓа услугата
Доколку навистина ви се допаѓа нешто, веројатно сте подготвени да платите малку повеќе за тоа, и тоа е сосем во ред.
Постојат многу места или услуги што ги оправдуваат своите високи цени. Кога ви се допаѓаат љубезните работници, вкусната храна или брзата услуга, зошто да не се заблагодарите со оставање бакшиш? Само, немојте да претерате.