X
 27.03.2016 Здравје

Каков би бил светот доколку сите бевме вегетаријанци?

Бројот на смртни случаи до 2050 година би се намалил за неколку милиони годишно со прехрана која содржи повеќе зеленчук и овошје, а помалку месо. Со таква исхрана, би се заштедиле и милијарди долари. „Ројтерс“ ги пренесува резултатите од новата студија која ја направиле научниците од Универзитетот во Оксфорд, објавени во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Нашата исхрана влијае на здравјето и околината

„Небалансираната исхрана е главниот виновник за повеќето здравствени проблеми ширум светот, а прехранбената индустрија е одговорна за над четврина од испуштањето штетни гасови“, објаснува авторот на истражувањето, Марк Спрингмен. Со промена на исхраната во однос на глобалните потреби би можеле да се избегнат 5.1 милиони смртни случаи годишно, а со преоѓање во целосно вегетаријанска исхрана без консумација на било какви производи од животинско потекло, како млеко и јајца, таа бројка би се зголемила на 8,1 милиони луѓе.

Во поглед на климатските промени, воведувањето на вегетаријанската исхрана на глобално ниво би го намалила количеството испуштени штетни гасови поради производство на храна.

Финансиски заштеди

Таквата промена во начинот на исхрана годишно би ги намалила и трошоците за 700-1.000 милијарди долари годишно. Финансиските бенефиции за намалување на испуштањето штетни гасови се проценуваат на околу 570 милијарди долари. Истражувањето покажало дека три четвртини од сите наведени позитивни влијание се однесуваат и на земјите во развој, но влијанието би било највидливо во развиените земји поради поголемата консумација на месо.

15% помалку калории

Истражувањето покажува дека луѓето во просек би требало да консумираат 15% помалку калории. Освен тоа, за добивање исхрана која одговара на глобално прифатените мерки, би требало да се намали внесувањето на црвено месо за 56%, а да се зголеми внесувањето овошје и зеленчук за 25%.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје