X
 30.10.2018 Здравје

Анализа: Загадувањето на воздухот во Европа е најголема закана за здравјето

Европските држави треба да направат поголеми напори за подобрување на квалитетот на воздухот поради исклучително лошите резултати од влијанието на загаден воздух врз човековото здравје и околината, се наведува во анализа на Европската агенција за заштита на животната средина.

Загадувањето на воздухот е главна причина за предвремена смрт во 41 европска држава, меѓу кои и 28 од ЕУ, се нагласува во анализата.

Околу 420.000 случаи на предвремена смрт во 2015 година се поврзани со загадувањето на воздухот во тие држави.

Загадениот воздух е причина за проблеми со дишењето, срцеви заболувања и рак и го намалуваат животниот век, е посочено во анализата.

Загадениот воздух нанесува големи штети на екосистемите, почвата, шумите, езерата и реките и ги намалува реколтите, напоменува Европската агенција за заштита на животната средина.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје