X
 09.07.2016 Наука

Колкава е моќта на најгласниот звук во светот?

Утрото на 27 август 1883 година, фармерите на фарма за овци надвор од Алис Спрингс, Австралија, слушнале некаков звук на два истрели од пушка. Во тоа време, индонезискиот вуклански остров на Кракатау започнал да се активира и да испушта парчиња на 3.600 километри оддалеченост. Научниците сметаат дека ова е веројатно најгласниот звук што луѓето некогаш го измериле. Не само што имале евиденција за тоа дека луѓето го слушнале звукот на Кракатау на илјадници километри оддалеченост, туку тие имале и физички докази дека звукот на експлозијата на вулканот патувала низ светот неколку пати.

Секако, никој не го слушнал Каракатау во Англија или Торонто. Не се слушнал ниту во Санкт Петербург. Но, наместо звук, она што овие места го забележале биле шили во атмосферскиот притисок - тензија во самиот воздух, како што воздушните бранови поминувале. Постојат две важни лекции за звукот: првата е тоа што не секогаш сте во можност да ги видите најгласното нешто во светот за да го слушните. Второ, само затоа што не можете да го слушнете звукот не значи дека тој не е таму. Звукот е моќен и значаен и не' опкружува постојано, без разлика на тоа дали сме ние свесни или не.

Во принцип, нашиот свет е многу понаселен отколку што мислиме дека е. Доколку пукнете со прстите, ќе излетаат честички веднаш до вас. Како што тие мрдаат, тие се судираат во честичките до нив, кои пак ги удираат честичките до нив.

Ова мрдање е она што го мереле барометрите во пресрет на ерупцијата на Кракатау. Замислете дека сте во воз. Ако удрите со вашиот колк една личност, таа веројатно ќе удри во личноста до неа, која пак ќе се удри во наредната личност до неа. На тој начин изгледа звучниот бран. Причината зошто не можете да слушате звуци во вселената е затоа што да се биде во вакуум е слично како да се биде во празно метро - не постои молекуларен медиум за моделот на движење, тензија и ослободување за да патува. На ист начин, звукот патува различно во водата отколку во воздухот, бидејќи молекулите во водата се цврсто „спакувани“.

На пример, најгласното животно на Земјата живее во океанот. Така на пример китот од видот „Physeter catodon“ користи еколокација за да се движи, слична на онаа која ја користат лилјаците - создаваат звук на кликање и можат да откријат што е наоколу на начинот на кој звучниот бран се одбива од предметите и се враќа кај нив. Нивниот клик е 200 децибели, единица која се користи за мерење на јачината на звукот, додека пак најгласниот звук што НАСА некогаш го забележале била првата фаза на Сатурн V ракетата, која направила звук од 204 децибели.

Но, китот не е толку гласен колку ракетата бидејќи водата е погуста од воздухот, па звукот во водата се мери на различна скала на децибели. Во воздухот, овој кит секако дека би бил екстремно  гласен, меѓутоа значително помалку - 174 децибели. Тоа е приближно еднакво на нивото на децибели кое се слушнало на  160 километри оддалеченост од Кракатоа ерупцијата, и е доволно гласно за да го пукне ушното тапанче на човекот.

Бидејќи звукот е поврзан со движењето на невидливи предмети исто така можно е тоа движење да се случило, а вие да не го чуете. Причината за тоа е бидејќи молекулите мораат да мрдаат кога ќе го погодат вашето тапанче. Ако движењето поминува низ толпа на молекули премногу бавно или премногу брзо, нашето тело не може да го пренеси тоа движење во сигнали кои ги разбира нашиот мозок. Ова се нарекува фрекфенција и се мери во херци. Луѓето можат да слушнат прилично широк спектар - 64 херци до 23.000 херци.

Но херците и децибелите се независни едни од други. Звукот може да биде исклучително висок и се'уште да биде на фреквенција која не можеме да ја слушниме. Токму тоа патувало до Англија откако еруптирал Кракатоа: звучните бранови кои биле нечујни за луѓето. Поради екстремно ниската ферквенција звучните бранови може да патуваат многу подалеку од високите фрекфенции; токму овие ниски звуци на фреквенција можат да го реализираат ова епско патување. Научниците ги нарекуваат инфразвуци.

Секако, постојат многу звуци кои треба да се следат. Тука се на пример звуците на грмотевиците или пак постојаните звуци како дувањето на ветрот. Брановите на океаните. Нечујните сигнали патуват стотици километри, понекогаш илјадници.

Милтон Гарсес, директор на Лабораторијата за инфразвук на Хаваи институтот за геофизика и планетологија се согласува. Тој вели дека два звуци се мешаат со мрежата за тестирање на забраната на нуклеарни обиди, бидејќи тие се толку постојани, раширени и гласни. Прво се микробаромите, кои се случуваат на рабовите на бурите на морето, кога ќе се сретнат два океански бранови кои патуваат во спротивни насоки, проширувајќи се во еден голем бран. Другиот е звукот на ветрот кој може да достигне нивоа на децибели еквивалентни на оние на мотор.



Дури и со соодветна заштита, екстремно високите инфразвуци се'уште можат да имаат влијание врз нашето тело. Луѓето изложени на инфразвуци над 110 децибели искусуваат промени во крвниот притисок и респираторни стапки. Може да добијат вртоглавица и може да имаат проблеми во одржувањето на рамнотежата. Во 1965 година, експериментот на воздухопловните сили открива дека луѓето изложени на инфразвуци во опсег од 151-153 децибели во период од 90 секунди започнале да чувствуваат како нивните гради се движат без нивна контрола. На доволно високи децибели, атмосферскиот притисок на ултразвукот може да ги надува и издиши белите дробови.

Но, најгласниот звук е Челиабинск метеорот, кој експлодирал во небото над јужниот дел на Русија, во близина на границата меѓу Европа и Азија, на 15 февруари 2013 година. Сензорите забележаа инфразвуци повеќе од 14.484 километри од изворот, а звучните бранови го заобиколија светот. Најблискиот сензор беше оддалечен 700 километри; дури и со оваа далечина нивото на инфразвукот на децибелите стигна до 90.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука