X
 27.03.2023 Живот

Најраните знаци на Алцхајмеровата болест може да се видат во очите

Почетните знаци на Алцхајмеровата болест може да се појават во окото на пациентот, посочуваат најновите истражувања во САД.

Стручњаци од Институтот за невродегенеративни болести во Бока Ратон, Флорида и Медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес, Калифорнија, испитувале како окото може да помогне во дијагностицирањето Алцхајмерова болест пред да се појават симптомите. Научниците собраа примероци од ретината и од мозочното ткиво од 86 лица кај кои се појавило тоа заболување.

До мигот кога помнењето и однесувањето се засегнати, болеста е веќе напредната, според наводите. Наодите се евидентни и кај луѓе без минимални когнитивни симптоми.

- Нашето истражување е прво што обезбеди длабински анализи на протеинскиот профил и молекуларните, клеточните и структурните ефекти на Алцхајмеровата болест врз човечката ретина и како тие одговараат на промените во мозокот и когнитивната функција. Овие промени во мрежницата се поврзани со промени во деловите на мозокот одговорни за помнењето, движењето и перцепцијата на времето - изјави авторката на трудот, Маја Коронио-Хамауи, професорка по неврохирургија и биомедицински науки во „Седарс“.

Ако лекарите ја идентификуваат болеста во нејзините најрани фази, луѓето потоа би можеле порано да се сосредоточат на здрав начин на живот и да ги контролираат факторите на ризик, како што се висок крвен притисок, холестерол или шеќер, посочува истражувањето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот