X
 13.12.2021 Здравје

Нови капки за очи ги заменуваат очилата за читање

Кажете им збогум на очилата за читање. Нови капки за очи наречени „вуити“ (англ. Vuity), кои биле одобрени од американската Администрација за храна и лекови во октомври, може да им го сменат животот на многу луѓе што имаат проблеми со видот.

Капките за очи го подобруваат видот на лицата со заматен вид на мала далечина. Тие почнуваат да дејствуваат за 15-ина минути, а нивниот ефект трае 6-10 часа. Капките функционираат на тој начин што ја користат способноста на окото за намалување на големината на зеницата.

- Намалувањето на големината на зеницата ја проширува длабочината на полето на гледање или длабочината на фокусот, а тоа ви овозможува природно да се фокусирате на различни опсези - изјавил Џорџ Воринг, главен истражувач во клиничкото испитување на капките.


Фото: Pixabay

Во клиничкото испитување учествувале 750 лица и биле задоволни од резултатите. Капките за очи во САД чинат околу 80 долари за користење во период од 30 дена.

Тие може да имаат негативни ефекти, како црвенило на очите и главоболки, а од корисниците се бара и да не ги користат додека возат навечер или кога работат на слаба светлина.

Извор: Interesting Engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје