X
 09.10.2021 Живот

Нордлинген - град изграден во метеорски кратер

Градот Нордлинген во Баварија, Германија, е навистина уникатен. Овој град со население од околу 20.000 жители се наоѓа во огромен кратер од метеор, широк 25 километри.


Фото: Wolkenkratzer/Wikipedia

Кратерот бил формиран пред околу 14,5 милиони години кога метеор широк околу 1,6 километар удрил во Земјата. Со години се верувало дека дупката во која се наоѓа градот е вулкански кратер, но научници во 1960 докажале дека кратерот бил предизвикан од удар на метеор.


Фото: Hd Pano/Wikipedia

Во близина на овој град се наоѓа уште еден кратер со дијаметар од 3,8 километри. Се верува дека двата кратери се формирале речиси истовремено од удар на делови од еден астероид.

Извор: Amusing Planet  
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот