X
 25.07.2020 Живот

Колку време траела најдолготрајната молња во светот?

Молњите обично траат 2-3 секунди. Некогаш е доволно да трепнат и да испуштат блесок. Поради тоа, уште поимпресивен е фактот дека една молња за време на бура во Аргентина траела 16,73 секунди.

Во новиот извештај на Светската метеоролошка организација, меѓу другото, се наведува и дека за време на бура над Аргентина на 4 март минатата година била забележана најдолгата молња откога се води евиденција.

Претходниот рекорд бил забележан над Јужна Франција на 30 август 2012 година, а таа молња траела „само“ 7,74 секунди.

Од СМО ги потврдиле известувањата со помош на нова сателитска технологија, која открила уште поимпресивни факти за рекордната молња.

За време на своето речиси 17-секундно траење таа се протегала на должина од 650 километри, што за некое чудо не е рекорд бидејќи една година претходно била забележана молња која се формирала над Источна Аргентина, а ја погодила територијата во Бразил, оддалечена 710 километри.

- Овие неверојатни податоци претставуваат временски екстреми и показатели што сè е во состојба да направи природата - истакнува Рендал Кервени од СМО.

Извор: National Geographic
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот