X
 27.04.2024 Живот

Снимки од црвената зона во Фукушима, 13 години по катастрофата

На 11 март земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала го потресе јапонскиот град, по што бранови од 10 метри го прекинаа снабдувањето со електрична енергија и предизвикаа топење на реакторот во блиската електрана.

Властите евакуираа околу 160.000 жители од областа, од кои многумина никогаш повеќе не се вратија дома.

Влезот во одредени зони, кои имаат релативно високо ниво на радијација, е строго ограничен и достапен само со дозвола.

Лука Венчр, урбан истражувач од Британија, решил да ги обиколи таканаречените црвени зони и да ги погледне напуштените згради, вклучувајќи ја и контролната соба на нуклеарна централа.



На неговиот јутјуб-канал тој сподели застрашувачка снимка на која е прикажана Фукушима 13 години по катастрофата. Тој ѕирна во напуштените болници, трговски центри, училишта, станбени згради и ги опиша како  „времето да не ги допрело“.

- Ова е надреално искуство. Сѐ останало недопрено, со траги од животни кои скитаат и бараат храна. Можете да ги видите и последиците од земјотресот - вели јутјуберот.



Тој во февруари годинава поминал четири дена во „црвените зони“, а со себе носел гајгер-бројач (инструмент кој се користи за откривање и мерење на јонизирачкото зрачење).

- Ги посетивме трговските центри, а храната сè уште беше внатре. Сè е оставено онака како што било. Секоја зграда во која влеговме беше навистина чудна - вели тој.



На морничавата снимка гледаме и напуштени станови и училници со детски чанти.

Сепак, најстрашното искуство го доживеал додека бил во болница.

- Никогаш не сум истражувал област и сум се исплашил, но болницата беше навистина страшна. Кога ќе ги видите сите овие работи, како чанти, палта, се вознемирувате. Ова искуство ќе го паметам засекогаш - заклучува Лука Венчерс.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот