X
 27.05.2019 Образование

Лани само 1/3 од студентите во Македонија дипломирале во рокот

Десет отсто студенти помалку дипломирале лани во споредба со претходната, 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика. Така лани дипломирале вкупно 7.698 студенти, од кои 4.531 биле жени. Од вкупниот број дипломци 6.692 (87%) студирале редовно, а 1.006 (13%) вонредно.

- Од вкупниот број студенти, 33,6% дипломирале во рокот, додека 66,4% дипломирале по рокот – соопштува ДЗС.

Од вкупниот број студенти 6.204 дипломирале на државните универзитети, а 1.472 на приватните високообразовни установи.
Традиционално, најмногу дипломирале на најголемиот универзитет во земјава, „Св. Кирил и Методиј“ – 3.194. Следуваат Државниот универзитет во Тетово (1.174), Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (949), Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола (744).

Најмногу студенти дипломирале на Економски факултет при УКИМ (662), а најмалку на факултетите за ликовна и за филмска уметност при УГД – по двајца студенти.

Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование