X
 30.05.2017 Наука

НАСА ќе најави нова мисија за „допирање на Сонцето“

Оваа среда, НАСА ќе ја најави својата намера да лансира сонда која ќе навлезе длабоко во атмосферата на Сонцето, па оваа мисија ќе биде првата за „допирање на Сонцето“.

фото извор: The Johns Hopkins University Applied Physics Laboratory

Мисијата „Solar Probe Plus mission“ ќе мора да се справи со високите температури и радијација, но информациите кои ќе ги собере ќе им помогнат на астрономите да предвидуваат соларни бури и да ги решат мистериите поврзани со нашата најблиска ѕвезда.

Модерната технологија најмногу страда од екстремните соларни активности, па НАСА преку оваа мисија ќе се обиде да стави крај на таквите искуства, или барем да ги минимизира. Сондата ќе биде лансирана во август наредната година, но за почеток ќе се изврши и проба околу Венера. Мисијата е вистински предизвик, со оглед на тоа дека сензорите на сондата треба да се приближат доволно блиску за да ги идентификуваат магнетните полиња и да соберат соларни честички без да бидат изгорени.

Се работи за температури до 1.400 степени Целзиусови. Ќе се користат нано-цевки со способност да издржуваат екстремни температури, а да бидат доволно лесни за лансирање. Исто така, ќе се користи и активен воден циркуларен систем кој ќе помогне во заштитата на инструментите кои ќе служат за мерење на магнетни полиња, температури и слично. Се разбира, ќе биде вграден и систем кој сето тоа ќе го овековечи преку фотографии и видеа.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука