X
 27.06.2018 Образование

Сенатот на УКИМ ги усвои измените во Статутот

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со еден воздржан глас вчера го усвои Статутот на Универзитетот сообразен со новиот Закон за високото образование, информира ректорот Никoла Јанкуловски.
- На постапката за негово донесување ѝ претходеа опсежни дискусии од претставниците на факултетите и научните институти, чии забелешки и предлози во најголем дел беа прифатени, па потоа и од страна на Ректорската управа, од 33 присутни Статутот беше прифатен само со еден глас воздржан – вели Јанкуловски.

Како што вчера пишуваше и Факултети мк, се водела жестока расправа за секој поднесен амандман. Ректорот информира дека интегралниот текст, со еден воздржан глас, бил изгласан од 60 сенатори.

Измените во Статутот на УКИМ сега ќе одат во Собранието, каде што исто така постои можност за интервенција. Пред пратениците најверојатно ќе се најде пред почетокот на летните одмори.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование