X
 12.12.2023 Живот

Интервју со проф. д-р Марјан Ѓуровски: „Докторските студии по безбедност на УКИМ се одговор на времето во кое живееме!“

Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на најстариот државен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје речиси пет децении едуцира и создава кадри за потребите на безбедносно-одбранбениот систем. Во изминатите години постојано се приспособуваат студиски програми на новите теоретски сознанија во безбедноста, одбраната, мирот и општествените промени и потреби, консултирајќи се со институциите од безбедносниот, одбранбениот, корпоративниот сектор и сите други институции. По пауза од неколку години, сега се дава можност студентите и другите заинтересирани да се запишат на високореспектабилни докторски студии по безбедност на најстариот државен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Преку докторските студии за безбедност на УКИМ на студентите ќе им се овозможи да остварат меѓународна мобилност на еден од универзитетите на Шангајската листа.

Докторирањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиската програма Безбедност на Филозофскиот факултет-Скопје е долго и предизвикувачко патување, но наградите се многубројни и можат да имаат значително влијание врз личниот и професионалниот живот.
Докторатот на науки по безбедност на Филозофскиот факултет преку Школата за докторски студии на УКИМ е највисокиот академски степен што може да се постигне и покажува владеење на научната област и експертиза во истражувањето од областа на безбедноста и другите сродни области, како што се одбраната, мирот, надворешната политика, криминологијата, криминалистиката и др. Тој е симбол на академска извонредност и може да отвори многу можности за кариера, како во академскиот така и во приватниот сектор.

Кои се придобивките од докторирањето по студиите по безбедност на УКИМ за да може да биде престижно достигнување за студентите и професионалците кои работат во оваа или сродни области и да се пријават на објавениот Конкурс до 22 декември 2023 година?

Докторската диплома по безбедност може многу да ги подобри изгледите за кариера, особено во академијата, истражувањето, институциите и во други сродни области поврзани со безбедност. Напредните вештини и знаења стекнати во текот на програмата на докторските студии по безбедност може да ве направат поконкурентен за позиции на високо ниво и може да го зголемат вашиот потенцијал за заработка. Погрешна е перцепцијата дека докторатот ги подготвува поединците за кариера во академската средина, напротив, во зависност од темата што ја избирате, може да бидете подготвени да започнете кариера и во друга сродна област. Посебен акцент во докторските студии по безбедност ќе биде ставен на оспособување на кадрите (доктори на науки по безбедност) за самостојни и тимски научно-стручни истражувања од наведените области и проблеми, како и примена на научните и стручните сознанија во практиката. Потоа, поттикнување и натамошно развивање на научната мисла, како основен предуслов за ефикасна организација и ефективност во борбата против криминалитетот и општествено негативните појави и тенденции, како и постигнување оптимално ниво на безбедност и заштита на општествените и личните вредности на граѓаните.
Стремиме кон остварување на други општествено оправдани цели што произлегуваат од основните задачи на високото образование и науката во развивањето на научната мисла и нејзината примена во практиката.

Преку докторските студии до можности за вмрежување, личен развој, истражувачки способности и кариера

Покрај личен раст, кои се можностите за вмрежување?


Докторирањето бара многу напорна работа, решителност и самодисциплина. Процесот на завршување на докторатот може да биде неверојатно охрабрувачки и може да помогне да се изгради самодоверба и да се зголеми чувството за самопочит. Личниот раст е една од важните придобивки за еден доктор на науки по безбедноста. Стекнувањето докторат дава можности да се сретнете и да соработувате со други истражувачи, академици и професионалци во вашата област. Друга придобивка на докторската дисертација е тоа што создава можности за вмрежување. Без разлика дали барате кариера или не, запознавањето со предавачи од вашата моментална или посакувана професија е фантастична шанса. Овие односи можат да бидат вредни за идниот напредок во кариерата и можат да обезбедат можности за постојана соработка и менторство.

Меѓународна мобилност на еден од универзитетите на Шангајската листа


Дали на студентите кои ќе се запишат на докторските студии по безбедност им овозможувате пристап до напредни истражувања?

Токму така, една од придобивките е пристапот до напредни истражувања. Со следење на докторските студии се дава значаен придонес на полето на студиите и во општеството како целина. Истражувачките наоди и сознанија можат да влијаат на јавната политика и да помогнат во решавањето важни општествени и научни проблеми. Докторските студии по безбедност може да обезбедат понатамошно образование и развој на кариерата, во и надвор од академската заедница, се отвораат можности за истражување, настава и менторство. Преку докторските студии за безбедност на УКИМ на студентите ќе им се овозможи и меѓународна мобилност на еден од универзитетите на Шангајската листа.

Во македонското општество недостига критичкото размислување. Колку врз основа на научните факти и истражувањето преку докторските студии може да се подобри критичкото размислување?

Следењето докторски студии обезбедува длабоко и сеопфатно разбирање на одредена научна област. Истражувачкото искуство и знаењето стекнати во текот на програмата за докторат ја поттикнуваат критичната мисла, поединецот станува способен и кредибилен да решава проблеми и да развива креативни решенија за сложени предизвици. Со други зборови, знаењето и експертизата се императив и за промени на општеството, а со тоа и за добросостојбата на човештвото. Исто така, секој доктор на науки е специјалист на полето на студирање и преку своите ставови и потези влијае врз креирањето на јавното мислење.

Длабоките промени бараат највисоко образован кадар со сеопфатни знаења

Потребен ли е профил кој се добива од докторските студии по безбедност на Филозофскиот факултет за разлика од другите високообразовни институции?

Потребата од профил на кадри во Македонија кои ќе докторираат во областа на безбедноста не само денес, туку и во иднина ќе биде неопходна и актуелна, пред сѐ, поради фактот што безбедноста која е посредно поврзана и произлегува од присутните ризици е суштински предуслов за развојот на македонското општество и неговата понатамошна интеграција. Овој процес ја актуализира континуираната потреба за високостручни и образовани кадри со сеопфатни теоретски и практични познавања од наставните и научните дисциплини што се изучуваат во студиската програма на трет циклус на студии по безбедност.
Имено, оваа студиска програма е одговор на времето во кое живееме, но и на потребите за стекнување сеопфатни знаења во доменот на безбедноста. Исто така, имаме научна и етичка должност кон студентите кои сакаат да го продолжат своето образование да им овозможиме стекнување највисок степен на образование.
Поаѓајќи од длабоките општествени, економски, културни и безбедносни промени кои се случија во последниве две децении, се наметнува потребата од преобразба и приспособување на студиските и наставните програми во насока на научно опфаќање на сè посложената безбедносна реалност кај нас и во светот.



Студиската програма за трет циклус ќе создаде кадар за решавање на безбедносните проблеми

Дали и колку новите безбедносни појави се изучуваат и истражуваат на докторските студии по безбедност и генерално на другите циклуси на студии на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет?


Денес, но и во изминатиот период сѐ повеќе добиваат на значење новите безбедносни појави и области кои нужно бараат и соодветна научна обработка и истражување. Меѓу тие концепти се, секако, безбедносната превенција, приватната безбедност, човековата безбедност, регионалната и меѓународната безбедност, безбедносното право, глобализацијата, новите безбедносни ризици, закани и загрозувања и сите други безбедносни појави кои не беа познати или не толку афирмирани во науките од областа на безбедноста. Тоа, од друга страна, подразбира можност, но и обврска на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет, како најстара и најповикана високообразовна државна институција од областа на безбедноста, одбрана и мирот, соодветно да ги следи и проучува овие појави и со тоа да дава придонес кон нивно соодветно научно разбирање и имплементација на најновите научно-стручни сознанија од областа на безбедноста.
Основна идеја при создавањето на студиската програма за докторски студии по безбедност беше да се обработуваат и најдат веќе афирмираните безбедносни појави и проблеми, разработени низ посебни и нови предметни програми, со вклучување на оние што ги нема на сличните високообразовни институции кај нас, а се среќаваат во соодветните високообразовни институции во светот. Тоа ќе биде препознатливоста и посебноста на студиската програма за докторски студии по безбедност на Филозофскиот факултет во земјава. Студиската програма на трет циклус студии по безбедност и предметните програми ја одразуваат сета широчина, сложеност и разнородност на безбедносните проблеми, со зафаќање на основите и особено етиологијата и феноменологијата на безбедноста и безбедносните појави како основа за креирање безбедносни процени, прогнози и политики и со тоа - градење стратегии од значење за државата и општеството во целост. Конципираните предметни програми даваат заокружена целост од одредена безбедносна стварност, безбедносна појава или група безбедносни појави со јасна теоретска и методолошка втемеленост.

Колку истражувањата од науката за безбедност се во функција на градење отпорност и безбедност, особено за развојот на македонското општество?

Општествениот развој во целина, покрај многубројните можности што ги нуди, истовремено предизвикува ризици и закани. Техничко-технолошкиот развој, вештачката интелигенција, заканите од природни непогоди и од човек предизвикани несреќи претставуваат секојдневие. Денес и најоддалечениот човек од урбаната средина има инстантен пристап до информации. Пристапот до информации, од една страна, овозможува големи можности, но од друга страна, претставува еден од најсериозните предизвици со кои се соочува човештвото. Имено, изборот на вистинската информација понекогаш е сведен на тоа да бараме зрно песок во пустина. Во оваа смисла, студиската програма за докторски студии по безбедност се обидува да одговори на овие прашања кои се секојдневие за индивидуата, општествените групи, општествата, па ако сакате и човештвото.
Имајќи ги предвид потребите на безбедносниот систем и општеството во целина и искуствата од земјите на ЕУ и пошироко, студиската програма за трет циклус студии по безбедност се дизајнира за да ги задоволува образовните потреби во следниве области: професионалец во развојот на системот за безбедност, раководител или извршител кој се грижи за целокупниот циклус на обезбедување, развој, активирање и одржување на системот, професионалец за одделни аспекти, како кадри во специјализирани владини или приватни агенции и служби: министерства, локална самоуправа, центри и дирекции за заштита и спасување и сл. Раководител во јавна институција (безбедносна, образовна, здравствена, социјална и сл.), каде што доминантна дејност е менаџирање со кризи; консалтинг во областа на безбедносните политики и организациските промени во безбедносниот систем и др.

Која е целта на докторските студии по безбедност на Филозофскиот факултет?

Основна цел на студиите е поставување национален систем на образование за областа на безбедноста што ќе биде конститутивен и компатибилен со меѓународно признатите стандарди во тие области. Да се формира висококвалификуван кадар, со кој ќе се зајакне системот и ќе се обезбеди негово функционирање на начин со кој ќе се овозможи поедноставен пристап во процесот на носење одлуки, а со тоа избегнување и навремено надминување на кризата, или во краен случај, брзо санирање на последиците од неа. Образованието е нужно во сите сегменти на општеството, особено за безбедносните, полициските, воените, мировните цели, и од таа гледна точка, изборот на докторските студии по безбедност се потврдува.

Пред какви задачи ќе бидат исправени докторандите по безбедност?

Задачи на докторандите за време на студирањето ќе бидат: самостојно истражување, учество во научноистражувачки проекти во областите на Универзитетот, развивање општи и специфични знаења, способности и вештини потребни за самостојно работење, изучување теоретски и практични проблеми од областа на безбедноста, одбраната, мирот, криминалистиката, криминологијата и други, сето тоа како база за успешна реализација на оперативни, аналитички, специјалистички, научноистражувачки и научно-образовни активности.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот