X
 27.06.2018 Образование

Утре е второ пријавување во средните училишта во јунскиот рок

По првото пријавување слободни останаа 23.968 места, од кои за гимназиско образование 6.068, а за стручно образование 17.900 места


Утре е второто пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во средно образование за учебната 2018/2019 година. Јавните средни училишта досега примиле 11.697 ученици, а вкупно 17.590 конкурирале.

По првото пријавување слободни се 23.968 места, од кои за гимназиско образование 6.068, а за стручно образование 17.900 места. Резултатите од второто пријавување и слободните места ќе бидат објавени в петок. За ова пријавување училиштата имаа можност да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, најмногу до 10 поени.
Ваквото правило не важи за гимназиско образование, економско-правна, трговска и здравствена струка.

Како и во изминатите години, најголем е интересот за гимназиите. Така што запишувањето ученици, како што изјавија од МОН, е завршено во скопските гимназии „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“ ,„Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и во „Јосип Броз Тито“ во Битола. Слободни места нема ни за образовни профили од здравствена струка и од економско-правна и трговска струка.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок е на 23 август.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование