X
 27.06.2019 Образование

ФИТР организира јавна дебата за „Фонд за млади умови“

Фондот за иновации и технолошки развој работи на развивање стратешка програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите – „Фонд за млади умови“. Предвидено е оваа програма да опфати поддршка преку веќе постојни успешни иницијативи, да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите, како и негување и унапредување на талентите кај децата.



За таа цел, ФИТР на 8 и 9 јули организира фокус-групи од отворен карактер, на кои ќе се дискутираат постојните инструменти за поддршка, можните аспекти за подобрување, реалните потреби на учениците, како и системските недостатоци што треба да се пополнат со конкретни мерки. Пријавете се ТУКА со назнака „Учество во фокус-групи“, најдоцна до 5.7.2019 година.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование