X
 09.10.2019 Образование

Во „Михајло Пупин“ пуштена во употреба фотоволтаична електрана, корисна за практична настава на учениците

Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ е првото училиште во кое има инсталирано фотоволтаична електрана во земјава со моќност од 12 киловати преку 42 панели поставени на покривот. Електраната беше официјално пуштена денеска на патрониот празник на ова скопско училиште. Идејата за оваа електрана дојде токму од ученици на ова училиште, а ја поддржа Фондот за иновации и технолошки развој и Град Скопје.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов посочи дека инсталирањето на првата фотоволтаична електрана во училиштето е доказ за соработката на институциите на секое ниво. Тој посочи дека оваа соработка покажува како едно средно училиште може да воведе мини-револуција во пристапот кон животната средина и енергетската ефикасност.
- Тука во пракса учениците ќе може да видат како функционира фотоволтаична електрана и очекувам во наредната година да овозможиме целиот покрив да биде фотоволтаичен панел - рече Шилегов.


Димитар Ѓорѓиев, директор на училиштето „Михајло Пупин“

Вицепремиерот Кочо Анѓушев истакна дека ваков тип училишта би требало да бидат иднината на македонската економија, зашто тука се применува концептот на дуално образование.
Овој вид образование почна токму во ова училиште со паралелката што ја воведе ЕВН минатата година, но оваа учебна година веќе има паралелка поддржана и од други македонски компании.
„Михајло Пупин“ годинава има рекорд во однос на бројот на запишаните ученици, кој изнесува 260.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование