Марс имал тешки почетоци. Џиновски метеорити ја удирале планетата по нејзиното формирање.
Сега меѓународен тим од истражувачи пронашол докази дека ова бомбардирање можеби завршило порано отколку што претходно се мислело, менувајќи го она што мислевме дека го знаевме за историската способност на Црвената Планета да биде домаќин на живот и можеби дури и овозможувајќи докази дека Марс бил населен дури и пред Земјата.
Во труд објавен во понеделникот во списанието „Нејчр геосајенс“, истражувачи детално ги објаснуваат нивните анализи на најстарите познати минерали од Марс, кои биле вметнати во метеорити за кои се мисли дека потекнуваат од јужните планини на планетата.
Зрната минерали биле непроменети од времето на нивното формирање, што ги навело истражувачите да заклучат дека живото-рестриктивните метеорити веројатно престанале да го удираат Марс пред околу 4,48 милијарди години, што е спротивно од претходните претпоставки дека планетата била погодена од доцна фаза на метеорити пред околу 3,8 милијарди години.
Врз основа на овој нов времеплов истражувачите веруваат дека имало период од 700 милиони години пред околу 3,5 и 4,2 милијарди години, кога животот на Марс можел да цути - цели 500 милиони години пред најраниот доказ за живот на
Земјата.