Група истражувачи од универзитетите „Стенфорд“, „Бејлор“ и други високообразовни институции велат дека откриле специфични молекули во крвта кои го намалиле апетитот и дебелината на глувци кои се здебелиле поради исхраната.
Според Јонг Шу, професор по педијатрија, нутриција и молекуларна и клеточна биологија, редовното вежбање докажано помага во намалување на тежината, регулација на апетитот и подобрување на метаболизмот, особено за луѓе кои се со прекумерна телесна тежина.
-Ако може да го разбереме механизмот со кој вежбањето ги поттикнува овие поволности, тогаш сме на чекор да им помогнеме на многу луѓе да го подобрат своето здравје - изјавил Шу.
Според Џонатан Лонг, истражувач кој работел на трудот, целта на истражувањето е да им се помогне на луѓето кои не може да се движат како порано.
-Луѓето кои не можат да вежбаат доволно можеби еден ден ќе може да земат лек кој ќе им помогне да го успорат развивањето на остеопороза, срцева болест и други состојби - изјавил Лонг.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay