X
 27.07.2018 Живот

Како да останете безбедни и здрави ако се најдете среде шумски пожар?

Во текот на летата често се соочуваме со пожари, кои не ретко земаат и жртви, што нѐ тера да размислуваме што би требало да правиме ако се најдеме во таква ситуација. Секако, никој не го сака тоа, но мораме да бидеме подготвени на сѐ.

Дури и ако му избегате на огнот, има повеќе ризици за здравјето ако сте во близина. Светската здравствена организација (СЗО) откри што треба да направите за да си го заштитите здравјето ако се најдете во област погодена од пожар.

Кога сте во близина на пожар, чадот претставува сериозна закана по вашето здравје бидејќи содржи мешавина од опасни гасови и мали честички кои може да ги иритираат очите и респираторниот систем. Ефектите од изложеноста на чад и неговото вдишување варираат од иритација на очите и респираторниот тракт до посериозни пореметувања како редуцирана функција на белите дробови, бронхитис, влошена астма и предвремена смрт.

Одржувајте ладно


Можете да се заштитите од лошите ефекти кои жешкото време и исложеноста на чад ги имаат над вашето здравје. Следете ги советите за тоа што да правите кога има топлотен бран  - да ја одржувате вашата соба ладна и да го одржувате телото ладно и хидратирано.

Останете внатре и избегнувајте директна вентилација со надворешен воздух

Редуцирајте го непотребното патување и ако возите моторно возило, користете фарови преку ден за да ја подобрите видливоста. Избегнете други извори на внатрешно загадување на воздухот како пушење цигари или пржење храна.

Штитете се себеси и другите

Кога работите или се движите надвор, можеби би сакале да носите маска, особено кога сте изложени на висока концентрација на честички. Носењето маска може да го редуцира краткотрајното изложување. Друга опција е да дишете во парче влажна облека. Држете го пред носот и устата за да спречите инхалација на чадот.

Ако некој кој го познавате е во ризик, помогнете му да добие совет и поддршка.

Повикајте медицинска помош

Ако член на фамилијата или некој на кој му помагате има топла и сува кожа, несвесност или сериозно влошени кардиореспираторни симптоми, веднаш повикајте помош. Осигурајте се дека ги слушате известувањата и предупредувањата за присуството на чад и квалитетот на воздухот. Ако имате милениче, на пуштајте го надвор бидејќи и тие страдаат од инхалацијата на чад.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот