27.11.2023
Живот
Од 1 декември ќе стартува дневна евтина тарифа на струјата
Од 1 декември ќе стартува дневната евтина тарифа на струјата, рече во интервју за Телевизија 21 Дарио Николовски, директор на Агенцијата за енергетика.
- Она што е извесно е дека од 1 декември стартува дневната евтина тарифа, домаќинствата ќе имаат 11 часа во текот на денот евтина тарифа. Практиката покажува дека декември е поладен месец и затоа тогаш се става на располагање на граѓаните. Реално, овие часови најмногу ќе ги користат пензионерите - рече Николовски.
Следува период за пресметки на цените, но не очекуваме струјата да поскапи, додаде тој потенцирајќи дека блок-тарифите ќе останат затоа што дадоа ефект.
- Блок-тарифите дадоа ефект и потрошувачката се намали за 16% минатата година. Со обновливите извори го имаме намалено увозот на струја и за 30%. За 140% имаме раст за само десет месеци во споредба со минатата година, а неспоредливо е со пред 10 години кога практично немало обновливи извори на енергија - рече Николовски.
Извор: МИА