X
 27.06.2024 Живот

Се плаши од луѓе и да пробува нови работи. Мора да сум до него за да игра со деца... Како да му помогнам?

Нашето дете ќе наполни 2 години. Уште како помал, додека имаше едвај 5-6 месеци, имаше страв од други луѓе. Кога некој пријател или роднина сакаше да го фати или да си поигра со него, одговараше со плачење. Доверба имаше само во најблиските, што за таа возраст беше разбирливо и мислевме дека со тек на време ќе се смени. Потоа следуваше период кога морав да се вратам на работа и го чуваше баба му. Пред 5 месеци почна да оди во градинка, но тоа беше проследено со плачење, трауми, уште поголема одбивност кон другите луѓе и приврзување за мама, тато, баба, дедо… Не ме плаши толку плачењето за градинка колку што ме плаши стравот што го чувствува од други луѓе, кои и не му се толку непознати, како и стравот да пробува нови работи. И кога е во просторија со други деца, сака јас да сум до него за да си игра со нив. Што треба да направиме?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот