За моето дете ми рекоа дека е хиперактивно и дека има АДХД. Кога се роди, беше најмирно дете на светот. Што се случи, не знам, но како што расте, станува сѐ понемирен. Многу пати ми има речено дека не го сакам. Кога ќе се налути, ни вели дека тој не нѐ сака.
Кога беше помал, додека лежевме в кревет ќе ме гушнеше и ќе ми речеше: „Мамо, ти не си лоша мајка.“ Но тоа често ја имитира баба му која му вели: „Седи синче долу кај баба да не те кара мајка ти, таа е лоша.“ Ја имам слушнато кога одат до продавница како му вели: „Сега дојди со мене и биди мирен, ако не си мирен, ќе ѝ кажам на мајка ти, па ќе те носи во градинка.“ Седат во двор и гледаат мачки и таа му вели: „Е да се прашуваш ти, сега ќе имаш маче дома.“ Тој, како и секое дете, прашува дали може, но таа му вели дека мајка му не дава.
Толку си игра со чувствата на детето, што тоа не знае кого да слуша. Прашањето ми е дали детето го користи ваквото однесување на одредени личности, па вакво е станато. И што би ми препорачале, како да се однесувам?
Одговорот на прашањето прочитајте го на
Деца.мк