Имам дилема во врска со тргнувањето во градинка на мојот син. Тој има речиси 3 години и сѐ уште носи пелени. Дава отпор, не сака да му се промени валкана пелена. Она што најмногу ми создава страв е како тој би ја прифатил градинката, со оглед на тоа што веќе имаме нов член во нашето семејство – бебенце од пет недели.
Впрочем, кога пристигна бебето, поголемиот син имаше период на адаптација: мешани емоции на чудење, одбегнување контакт, плачење како реакција на плачот на бебето, пискање, но за среќа никогаш не пројави поголема агресија кон него. По пет недели, ситуацијата е подобрена. Му посветуваме внимание преку прошетки, игри, заеднички оброци, и двајцата родители еднакво.
Сакам да прашам, по оваа голема промена во домот, кога е погодно време и како да тргне во градинка, а да не му претставува шок и да не предизвика негативни промени во однесувањето?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк