Познатиот научник Никола Тесла, познат по бројните проекти и визии, имал одредени стратегии со помош на кои успевал да постигне сѐ што замислил. Тој открил некои негови навики кои му помогнале да биде исклучително продуктивен, пренесува „Лајфхакер“.
Размислете пред да направите
Тесла имал развиено способност за визуелно размислување. Тој тврдел дека може потполно да ги замисли своите проекти и уреди пред да ги направи. Таа способност не ја поседуваат сите, но истата може да се поттикне или зголеми со едноставна концентрација на само еден проблем.
„Мојот метод е поинаков. Не брзан со конкретната работа. Кога добивам идеја, веднаш тргнувам со изработка во својот ум“, навел Тесла во својата автобиографија.
Прошетајте
Тесла ги сакал прошетките, кои му ја поттикнувале креативноста. Се верува дека неговите прошетки биле малку опсесивно-компулсивни, но тоа не значи дека немале свои предности. Постои анегдота според која идејата за наизменична струја на Тесла му се јавила токму за време на прошетка.
Решавајте проблеми сами
Научникот сметал дека проблемот најдобро се решава со повлекување во самотија.
„Умот е поостар и подобро концентриран во самотија. За размислување не е потребна голема лабораторија“, тврдел тој.
Сепак, треба да се има на ум дека и покрај големото знаење и извонредната интелигенција, Тесла бил и ексцентричен човек кој бил сам, па затоа ги имал овие навики. Тој спиел само по неколку часа дневно, имал посебни ритуали за хранењето, капењето итн. Тој никогаш не се оженил и во животот се посветил само на науката.