X
 02.10.2015 Живот

Зголемувањето на вашата интелигенција е поедноставно отколку што мислите

Многу деца се способни брзо да научат, брзо да се развиваат и да се менуваат поради што постигнуваат драстично подобрување во академските, физичките и социјалните вештини во текот на нивното растење.

 

inteligencija


Ако еден ден нешто не можат да направат, постои голема можност другиот ден да можат да го постигнат она што ќе го зацртаат.

Истите работи важат и за возрасните. Познато е дека интелигенцијата може да се зголеми, а флуидната интелигенција која се однесува на нашиот капацитет за учење на нови работи, ги задржува информациите и ни помага во решавањето на новите проблем, и може да се зајакне со текот на времето.

Ако секојдневно работиме една од петте работи кои се однесуваат на барање на нови работи, поставување на предизвици пред нас, креативно размислување, извршување на работите на потежок начин и поврзување со другите, тогаш можеме да го зголемиме нашиот когнитивен капацитет.

Децата стално учат нешто ново бидејќи секој звук, мирис, вкус и збор за нив претставува предизвик. Децата на креативен начин ги решаваат проблемите и постојано се поврзуваат со другите за да запознаат нови луѓе. Тоа им овозможува секојдневно да ја зајакнат нивната мозочна активност, а слично нешто може да се примени и кај возрасните луѓе преку овие неколку совети.

1. Барајте нешто ново

 

2


Сите треба да бараат нешто што целосно ќе им биде ново, а тоа вклучува нови искуства, запознавање на нови луѓе и се` што досега не сме правеле. Бидете отворени за нови искуства и искористете ги предностите и можностите кога ги имате.

2. Поставувајте си предизвици


Мозокот како и било кој друг мускул на телото, станува посилен откако ќе му овозможиме некаков вид на отпор. Ако знаете дека сте добри во она што го работите, продолжете да барате предизвици кои ќе го стимулираат вашиот мозок и ќе ве стават надвор од зоната на удобност.

3. Размислувајте креативно

 

4


Креативноста има огромна корист за нас. Не само што креативното размислување ја зголемува нашата интелигенција, туку таа исто така ја зголемува и нашата продуктивност, среќата и успехот. Не се само уметниците креативни бидејќи таа лежи во секој човек. Овозможете му на вашиот мозок да работи наместо само да ги помни информациите.

4. Работете се` на потешкиот начин

Кога работиме работи на потешкиот начин, тогаш го вежбаме нашиот мозок. Тоа не значи дека животот треба да си го направиме потежок. Кога имате можност, од време на време направете си го животот попредизвикувачки. Обидете се да пресметате без калкулатор или пронајдете го патот до одреден локација без GPS.

5. Поврзете се со другите

 

5


Веројатно ви звучи тешко да се изложите на нови работи и пронаоѓањето на креативноста, доколку не знаете како тоа да го постигнете. Во вакви ситуации поврзувањето со луѓето може да ви покаже како некои работи можете да ги направите. Колку повеќе луѓе ќе запознаете, толку повеќе ќе се изложувате на нови искуства. Поврзувањето со другите луѓе некогаш може да претставува проблем бидејќи тоа вклучува излегување од удобната зона, но затоа тоа е корисно за нас. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот