Сите ние ги идеализираме познатите и славните, особено оние што живееле многу години пред нас и зад себе оставиле уникатни уметнички дела. Сепак, важно е да се знае дека тие исто така биле луѓе со свои карактеристики, недостатоци и
навики, од кои некои биле прилично неподносливи.
Леонардо да Винчи
Фото: Wikipedia
Сликар, инженер, писател, вајар, пронаоѓач, архитект и пионер во истражувањето на човечката анатомија, страстен љубител на животни и веројатно еден од најпознатите вегетаријанци што некогаш живееле. Се чини дека не постои нешто што овој човек не го правел. Но, Да Винчи не сакал да спие, не го сакал сонот и по внимателно истражување, почнал да го следи полифазниот циклус на спиење. Со други зборови, сонот на Да Винчи се состоел од неколку дремки на секои 24 часа.
Лев Толстој
Фото: Wikipedia
Еден од најпознатите писатели во руската литература, и покрај тоа што потекнувал од највисоките слоеви на општеството, честопати го доведувал во прашање моралот на општеството во кое живеел. За инает на сè што не му се допаѓало во светот околу него, станал вегетаријанец и гласно го осудувал изгледот на богатите. Почнал да носи селска облека и обувки, кои сам ги направил.
Микеланџело Буонароти
Фото: Wikipedia
Познатиот сликар, вајар и архитект спиел со облека и чизми, и не ги соблекувал со денови. Избегнувал туширање затоа што сметал дека е опасно за неговото здравје, а живеел 89 години.
Оноре де Балзак
Фото: Wikipedia
- Да немаше кафе, не би можело да се пишува, што значи дека не би можело да се живее - рекол Балзак, познат француски писател на романи и драми. И навистина го мислел тоа бидејќи ретки биле моментите кога тој не ја пиел својата омилена црна топла напивка. Пиел околу 50 шолји кафе на ден. Ова му помагало да остане буден и фокусиран на пишувањето во 1 часот наутро.
Ернест Хемингвеј
Фото: Wikipedia
Хемингвеј почнувал да пишува рано наутро.
Станувал околу шест часот и веднаш почнувал да работи, со цел да ја
избегне жештината и да пишува во тишина. Престанувал да работи околу
пладне. Секој ден пишувал од 500 до 1.000 збора, а тоа се однесувало на
периодите кога активно работел на роман или приказни. Но, престанувал да
пишува баш кога му одело добро. Како што рекол во едно интервју, имал
обичај да прекине со пишување во моментот кога знаел како романот ќе се развива понатаму.
Вирџинија Вулф
Фото: Wikipedia
Познатата англиска писателка на почетокот на својата кариера пишувала романи стоејќи. На овој начин таа сакала да ја имитира својата сестра, уметник, која исто така стоела додека сликала. Вирџинија два и пол часа од утрото ги поминувала пишувајќи.
Фрида Кало
Ексцентричната мексиканска уметница целиот живот имала многу лошо здравје, но поради начинот на кој живеела, едно е сигурно - таа била сѐ само не обична. Она што ја правело посебна била нејзината љубов кон животните. Таа имала многу миленичиња. Чувала кучиња, мајмуни, папагали, дури и кокошки и врапчиња. Имала и елен по име Гранизо, па дури и орел кој го крстила Гертрудис Кака Бланка.
Енди Ворхол
Фото: Wikipedia
Енди многу се разликувал од другите луѓе. А и се трудел да биде таков, особено кога станува збор за косата. А кога станува збор за фризури и необични навики, мора да се каже дека Ворхол бил собирач на перики. Поседувал колекција од 40 различни перики.
Чарлс Дикенс
Фото: Wikipedia
Најважниот англиски романсиер од 19 век веројатно имал недијагностицирано опсесивно-компулсивно нарушување. Кога не пишувал, тој бил преокупиран со својот изглед и ја чешлал косата сто пати на ден. Тој имал ритуал на допирање предмети трипати и бил многу педантен во уредувањето на својата канцеларија. Сето ова не го спречило да стане еден од најплодните писатели на англиската литература.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Wikipedia