X
 01.01.2023 Живот

Интелигентните луѓе повеќе пијат и помалку спортуваат, покажува истражување

Психологот Сатоши Каназава од Лондонската школа за економска и политичка наука спровел истражување кое ги разгледало карактеристиките на луѓето со висока интелигенција.

Резултатите јасно покажале дека поинтелигентните луѓе се залагаат за помодерни, либерални вредности, а исто така се помалку религиозни од помалку интелигентните луѓе.

Паметните луѓе, исто така, имаат поголема веројатност да останат будни до доцна навечер и да пијат повеќе, иако умерено, отколку луѓето со понизок коефициент на интелигенција. Забележано е и дека поинтелигентните луѓе имаат помала веројатност да спортуваат.

Ваквите резултати Каназава ги објаснува со „теоријата на саваната“, која вели дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција подобро се справуваат со ситуациите во модерниот живот.

Од друга страна, мозокот на помалку интелигентните луѓе често има проблем со достигнувањата кои се релативно нови во еволутивна смисла и затоа живеат поконзервативно.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот