Работната култура во Јапонија е позната по тоа што е прилично напорна, а вработените работат над 10 часа, со што честопати се лишени од сон. Земјата дури има и термин за луѓето што спијат во текот на денот за да издржат цела смена на работа или долго патување до работа: инемури.
Со цел да се справат со овој проблем, две јапонски компании се здружија за да создадат таканаречени „кутии за дремка“ кои ќе им овозможат на вработените да спијат исправени.
Компанијата за мебел „Итоки“ и компанијата „Коуоџу Гохан“ соработуваат за создавање на овие исправени „кутии за дремка“.
- Во Јапонија има многу луѓе што сакаат да се затворат во тоалет за да спијат, што мислам дека не е здраво. Подобро е да спиете на удобна локација - вели Саеко Кавашима, директор за комуникации во „Итоки“.
Корисниците на кутијата за дремки ќе спијат во кутијата исправени, како фламинго. Почетниот дизајн е направен за да се осигури дека главата, колената и задниот дел се удобно поддржани така што лицето нема да падне. Со оглед на тоа што истражувањата покажуваат дека одморот ја зголемува продуктивноста, ова може да ги поттикне вработените во Јапонија да дремнат во текот на денот.
- Мислам дека многу Јапонци работат континуирано без паузи. Се надевам дека компаниите ќе можат да го искористат изумот како пофлексибилен пристап за одмор - вели Кавашима.
Голем дел од интернет-корисниците истакнуваат дека производот изгледа како ковчег, а целата идеја е како излезена од дистописки филм.
- Јапонските компании буквално ќе изградат кутии за спиење пред да ви дозволат да работите помалку од 60 часа неделно - пишува еден твитер-корисник.
Извор:
Bloomberg.com
Фото:
Twitter