X
 25.05.2023 Живот

Нов тренд меѓу компаниите - кога животот станува стресен, на сите им даваат слободен ден

Иако во нашиот регион е тешко да се замисли, во светот има компании кои разбираат дека не ти е денот.

Кога животот станува „премногу стресен“, вработените имаат право да земат слободен ден. Денес, концептот денови за ментално здравје можеби не е туѓ за младите луѓе кои сега наоѓаат работа, но порано беше табу.

Ако му кажете на вашиот работодавец дека не можете да дојдете на работа затоа што не се чувствувате добро ментално или емоционално, тој веројатно чудно ќе ве погледне. Со други зборови, тој би помислил дека лажете.

Но, сега е поинаку, многу компании официјално ја препознаваат потребата за тоа и нудат „денови за ментално здравје“.

- Повеќе компании дозволуваат дополнителни слободни денови за работниците, не за преглед на лекар или да завршат некои обврски, туку поради стресни настани надвор од работното место. Одлуката да се понудат овие типови „лични денови“ е еден од неколкуте потези на корпоративните директори за да се справат со загриженоста за менталното здравје на вработените - вели Лини Лук, директорка во „Нердвалет“.

Лини додава дека компаниите нудат и денови за ментално здравје низ целата компанија, како и простории за одмор на самото работно место.

Додека се грижат за своите вработени, компаниите привлекуваат нови потенцијални кандидати за работа, кои гледаат корист во таквиот пристап кон персоналот.

- Во ова време менталното здравје е криза на работното место - истакна Лини Лук.

- Не сметаме дека грижата за менталното здравје е нешто што треба само да се вметне во платено слободно време или боледување. Вработените во „Нердвалет“, компанија за лични финансии, добиваат неограничено платено слободно време и петнеделен одмор по пет години работа. Директорите беа загрижени дека тоа не е доволно - додава таа.

Исто така, се вели дека вработените сега бараат работа што ги поддржува нивните потреби за ментално здравје.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот