X
 13.04.2023 Живот

Зошто Финска е најсреќната земја на светот?

Финска се прогласува за најсреќна земја во светот во последните шест години. Зошто Финците се посреќни од другите?

Тука играат улога повеќе фактори, како помала нееднаквост во платите, голема социјална помош, слобода за донесување одлуки и ниско ниво на корупција. Најплатените 10 отсто од жителите на Финска заработуваат една третина од вкупните приходи на населението, што е помал процент во однос на други развиени земји.

Според Дени Дорлинг, професор на Универзитетот „Оксфорд“, Финска има и други атрибути кои ја зголемуваат среќата на жителите. Земјата има децентрализиран здравствен систем кој е финансиран на државно ниво и многу мал приватен здравствен сектор.


Фото: Pixabay

Јавниот превоз е развиен и пристапен, а училиштата се одлични, па сите жители добиваат квалитетно образование. Финска има и подобри мерки за социјална помош при домување и намалување на бројот на бездомници. Сето ова може да придонесува до зголемената среќа на жителите на Финска во однос на другите земји.

Од друга страна, постои објаснување според кое се тврди дека жителите во нордиските земји едноставно имаат пореалистични очекувања од животот во однос на другите земји, па затоа се посреќни.

Постои и дебата за валидноста на резултатите од анкетата за најсреќна земја во светот. Имено, некои тврдат дека Финците веќе добро знаат што да одговорат на анкетата за да бидат први на листата.

Извор: The conversation
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот