Помина повеќе од еден месец откако земјите низ светот воведоа карантин во борбата против Ковид-19. Со тоа се променија нашите секојдневни навики, но животот не запре. Исто како и низ целиот свет, и домовите на жителите на градот Каунас, Литванија, се претворени во канцеларии, концертни сали, па дури и спортски клубови.
Се разбира, гледањето перформанси преку
стриминг во живо на вашиот телевизор или компјутер е подобро од ништо. Сепак, овој процес не ги вклучува возбудата, директната поврзаност со изведувачите и гледачите околу вас.
Затоа Каунас, кој е прогласен за европска престолнина за 2020 година, лансира нов проект наречен „Култура до дворовите“. Проектот е посветен за враќање на овие чувства и искуства, како и испорачување на културата до дворовите на луѓето.
Вклучени се професионалци од театарот, танцот, современиот циркус и музиката и одржуваат настапи во дворовите. Жителите може да очекуваат поезија, класична музика, џез и поп-музика итн. Луѓето се охрабруваат да се дотеруваат за оваа пригода.
Проектот ќе продолжи да трае додека трае карантинот во Литванија.
Извор:
Bored Panda
Фото:
Martynas Plepys