X
 15.05.2021 Наука

Предвидувања за иднината што Никола Тесла ги дал во 1926 година

Никола Тесла починал во 1943 година, а набрзо по неговата смрт се чинело дека светот го заборавил. Луѓето јавно почнале да му оддаваат почест дури во 1960 година, кога била воведена SI-единицата за магнетна индукција, тесла.

Тогаш почнале дискусиите за него како потценет гениј, а во добивањето на ваквата репутација играле улога и стари разговори со Тесла снимени во 20-тите и 30-тите години. Во еден таков разговор за списанието „Колиер“ од 1926 година Тесла го предвидел појавувањето на уреди кои ќе овозможат брза комуникација без оглед на оддалеченоста. Тесла предвидел дека луѓето ќе може да ги носат овие уреди в џеб.

Во разговорот Тесла зборувал и за иднина во која ќе се користи безжична енергија, а ќе се користи за летечки машини во кои ќе патуваме од Њујорк до Европа за неколку часа. Весниците ќе бидат печатени безжично во домовите во текот на ноќта, предвидувал тој.

Тесла замислувал свет во кој безжичната комуникација ќе ги избрише меѓународните граници, а ова ќе го обедини светот и ќе помогне повеќе раси да живеат на планетата во хармонија.


Фото: Wikipedia

Истовремено, новите генерации на едуцирани жени ќе ги игнорираат претходните обичаи и ќе напредуваат. Меѓутоа, Тесла предвидел и дека оваа промена кај жените ќе го намали мајчинскиот инстинкт, така што бракот и мајчинството ќе станат одбивни и човечката цивилизација ќе наликува на онаа на пчелите во организираноста и координираноста.

Во видеото подолу се зборува и за интервју на Тесла за списанието „Либерти“, во кое научникот предложил спречување на размножувањето на непогодните со стерилизација и намерно водење на мајчинскиот инстинкт. Тој предвидил и дека во 2035 г. министерот за хигиена или физичка култура ќе биде поважен за владата отколку воениот секретар.

Според него, една слабост на луѓето е во тоа што сè уште не сме навикнале на високата технологија, а решението на нашите проблеми не лежи во нејзиното уништување, туку во нејзиното усовршување.


Извор: openculture.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука