По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, обожавателите на „Симпсонови“ веруваат дека креаторите на серијата уште еднаш успеале да ја предвидат иднината, а овој пат се работи за изборната мапа на САД.
Имено, во 2000 година беше емитувана епизодата од 11. сезона „Барт во иднината“ и оттогаш често се цитира. Станува збор за епизода во која жена станува претседател на САД, а многумина веруваа дека според „пророштвото“ на серијата, на чело на државата ќе биде Камала.
Но, откако тоа не се случи, фановите најдоа детаљ од оваа епизода кој сепак одговара на реалноста.
Иако епизодата покажува дека жена (Лиза Симпсон) победува на изборите, што во реалност не се случи, мапата во заднина е неверојатно слична на онаа што одговара на моменталната состојба по изборите во САД.
Твитер-корисниците се чудат како серијата успеа да ја погоди изборната мапа со „морничава точност“.
Уште во 2016 година Ден Грини, кој ја напиша епизодата „Барт во иднината“, рече дека станува збор за шега што треба да биде предупредување за Америка.
Во минатото обожавателите се плашеа поради многу точни предвидувања на настани од реалниот живот. Во 2012 година тие навестија елементи од настапот на Лејди Гага на полувремето во Супер боул во 2017 година, до нејзината светкава облека. Исто така, серијата го предвиде исходот од претпоследната епизода од „Игра на тронови“.
„Симпсонови“ предвидуваа и технолошки развој, како што се телефоните што остваруваат видеоповици и очилата за виртуелна реалност со кои луѓето стануваат опседнати. Тие дури предвидоа катастрофи како пандемија и потонување на подморница.
Извор:
Klix.ba
Фото: Twitter