Содржината што се споделува на социјалните мрежи прикажува многу за нештата што се случуваат во главите на корисниците.
Фејсбук има илјадници активни корисници секој ден и секогаш кога ве вклучени на мрежата таа ги „прашува“ за што размислуваат – What is on your mind? Истовремено, неретко ова прашање го поставуваат и психијатрите на клиентите, членови на семејството на блиските или меѓу пријателите.
Активностите на социјалните мрежи зборуваат многу за менталната благосостојба на поединците. Професионалците чија специјалност е менталното здравје на индивидуи, заедници и народи, истражуваат како да го искористат ова во нивната работа.
Што покажуваат споделувањата на социјалните медиуми за личноста?
Една студија направена со 555 фејсбук корисници покажала дека екстровертните лица е поверојатно да споделуваат информации секој ден или често. Луѓето со ниска самодоверба биле со тенденција да споделуваат повеќе информации за романтичниот партнер, невротичните ја користат мрежата за самопотврда и привлекување внимание, а нарцисоидните е поверојатно да се фалат со достигнувањата во слабеење или режими на вежбање. Друга студија покажала дека луѓето што споделуваат многу селфија се понарцисоидни, а оние што дигитално ги извртуваат и менуваат сликите имаат мала самодоверба.
Социјалните мрежи како терапија
Од Центарот за ментално здравје во Мексико на граѓаните на Мексико Сити им било порачано дека споделувањето на проблемите на фејсбук не е евтина замена за соодветна психолошка терапија. Истражувачите внимаваат како луѓето ги ажурираат споделувањата и според нив тоа е еден начин да се открие дали се изложени на ризик од самоубиство. Некои интернет заедноци, како Reddit, имаат мрежи за поддршка за споделувањата што се можен аларм за самоубиство (Reddit’s Suicide Watch).
Недостатокот од активности на социјалните мрежи може исто така да биде индикатор за проблеми со менталното здравје. Една студија користела апликација со Bluetooth за да ги мапира социјалните поврзувања на млади личности за да детектира кога имаат помалку контакти со пријателите. Тоа може да биде еден од знаците на депресија.
Какви други емотивни промени откриваат социјалните мрежи?
Едно истражување кое имало за цел да добие слика за тоа колку е „среќен“ одреден јазик. 10.000 најчесто употребувани зборови од повеќе јазици биле оценувани од говорители на мајчиниот јазик колку се позитивни, а колку негативни, при што шпанскиот и португалскиот се покажале како пооптимистични во споредба со другите. Со овој пристап следно, ќе се анализира колку е „просечната среќа“ на Твитер и какво влијание имаат одредени теми кои се коментираат, на пример, актуелните избори во САД.
Затоа, следниот пат кога ќе бидете активни на социјалните медиуми или ќе прегледувате нечии профили, размислете повеќе за споделувањата на Вашите пријатели. Можеби ќе откриете дека некој нив крие голем проблем.