Самотијата може да биде тешка, но да поминете малку време сами со себе може да биде добро за вашето ментално здравје.
Постојат интровертни и екстровертни луѓе, но дури и оние што сакаат да се дружат понекогаш имаат потреба да бидат сами. Тоа може да помогне да се намали стресот, да се зголеми продуктивноста и да му помогне на мозокот да се освежи и одмори, што го подобрува расположението и менталното здравје, пишува „Лист“.
Според Џефри Хал, истражувач, интеракцијата со другите понекогаш заморува, а слушањето на другите ја црпи енергијата. Затоа постојат лица на кои им е најудобно кога се сами. Сепак, дури и оние на кои тоа не им е природно треба да најдат време понекогаш да бидат сами.
Фото: Pixabay
Психотерапевтот Ејми Морин советува да поминувате барем десет минути дневно во самотија.
- Намалете го звукот на електронските уреди и дозволете си да размислувате неколку минути - вели таа.
Една од главните причини зошто некои луѓе не сакаат да бидат сами е бидејќи тоа им буди чувства на неповрзаност, но оваа практика носи придобивки, како истражување на сопствениот карактер и креативно размислување.
Извор:
The List