Не може секој да гледа хорор, но за оние што можат, овие филмови може да имаат изненадувачки поволности за менталното здравје. Додека луѓето најчесто одбегнуваат да гледаат хорор-филмови пред спиење, токму тоа им помага на други подобро да заспијат.
Ким Вонг-Шинг пишува за „Си-нет“ дека за овој феномен има и научно објаснување. За многу луѓе, хорор-филмовите помагаат да се ослободат од анксиозноста. Истражување на Колтан Скривнер, докторанд на Универзитетот во Чикаго, открило дека луѓето што имаат проблеми со анксиозност почесто сакаат да гледаат хорор-филмови од другите.
На некои од овие луѓе хоророт може да им помогне да се ослободат од чувство на тензија и се начин на кој може да се фокусираат на филмот наместо на работите што ги прават анксиозни во реалноста.
Фото: Pixabay
Хорор-филмовите сепак се филмови, иако гледачот често чувствува силни емоции и страв, па лицата со анксиозност се чувствуваат безбедни бидејќи може да контролираат кога да го паузираат филмот. Понатаму, обожавателите на хорор-филмови често имаат интерес да учат за ситуации кои може да бидат опасни.
За време на пандемијата, кога жители низ светот забележуваа зголемено на ниво на анксиозност и депресија, истовремено е забележан и раст на популарноста на хорор-филмовите. Истражувањето на Скривнер покажало и дека обожавателите на хорор-филмови се ментално поцврсти за време на пандемијата.
Извор:
Cnet
Фото: Pixabay