X
 27.10.2019 Живот

Куќичка на тркала што изгледа како вселенски брод

Алуминиумска приколка за автомобил во која може да живеете е производ на „Полидроп“. Еднособниот простор содржи практично сè што ви е потребно за живот, вклучувајќи и кујна на отворено, кревет, ЛЕД-осветлување, термостат, полнач за уреди што користи УСБ...

Ѕидовите со дебелина од 22 сантиметри треба да ве заштитат од снегот и други временски непогоди. За идната година на располагање ќе бидат вкупно четири модели, со цени од 15.495 до 19.995 долари.

1
Фото: Polydrop


„Полидроп“ настанал откако неговиот основач и главен извршен директор Кјунгхјун Лу и неговата сопруга и соосновач Џиен Ча одлучиле да ги остварат своите соништа за удобен и компактен приватен простор во кој би можеле да престојуваат додека патуваат.

2
Фото: Polydrop

3
Фото: Polydrop


При осмислување на дизајнот на приколката со димензии 378,5 х 166 сантиметри тие биле инспирирани од вселенските летала. Приколката е опремена со систем за соларно полнење со сила од 100 вати и батерија со капацитет од 12 волти.

5
Фото: Polydrop


Одредени модел исто така имаат и надворешна кујна со фрижидер, мијалник со рачна пумпа, полица за зачини, шкафче, фиоки и шпорет со две грејни плочи, а најскапиот модел има и четири безбедносни камери, вграден клима-уред, вентилатор на таванот, изолациски завеси и туш.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот