X
 28.05.2019 Живот

Костарика двојно ја зголеми шумската покривка во последните 30 години

Костарика е земја што долго време е посветена на животната средина, па може да се пофали со биолошка разновидност, одржливост и други заштитни мерки. Најново е тоа што Костарика планира да се ослободи од фосилните горива до 2050 година.

Во неодамнешно интервју првата дама на Костарика, урбанистичката планерка Клаудија Доблес, вели дека оваа цел може да се постигне само со борба против чувството на негативност и хаос во услови на глобалното затоплување.

Иако целта изгледа како прилично голема, оваа мала земја, која изобилува со дождовни шуми, веќе направи неколку импресивни чекори. Имено, по неколку децении уништување на шумите, Костарика ја зголеми својата шумска покривка во последните 30 години. Сега, половина од површината на земјата е покриена со дрвја, со што може да се апсорбира огромно количество јаглероден диоксид од атмосферата.

Во 40-тите години повеќе од три четвртини од земјата беа покриени со претежно тропски дождовни шуми и други шуми, велат од Универзитетот на ОН. Но, неконтролираното сечење довело до тешко уништување на шумите. До 1983 година само на 26 отсто од земјата имало шумска покривка. Но, преку континуиран фокус на животната средина од страна на креаторите на политики, денес шумската покривка се зголеми за 52 отсто, што е двојно повеќе од нивоата во 1983 година.

- Тоа што го постигна Костарика во изминатите 30 години може да биде само поттик за вистински промени на глобално ниво - вели Роберт Бласијак, научен соработник на Универзитетот во Токио.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот