„Економист интелиџенс јунит“, која е дел од медиумската групација „Економист“, го објави својот индекс на безбедни градови во кој рангира 60 града врз основа на 76 показатели на безбедност. Мерките поради пандемијата ги направиле рангираните градови побезбедни, според испитаниците.
На врвот на листата се наоѓа Копенхаген, кој е најдобро рангиран поради индексот за еколошки развој, со кој се мерат одржливоста, квалитетот на воздухот, управувањето со отпадот и покриеноста со зеленило. Последниот фактор апсолутно влијаел врз тоа како градот и неговите жители се соочувале со ограничувањата за време на пандемијата, кои целосно се укинати од септември годинава.
Фото: Копенхаген/Pixabay
- Парковите и зелените површини, како и водните површини, беа популарни за време на пандемијата. Жителите на Копенхаген шетаа купувајќи храна за носење и уживајќи во многу градски простори - изјавил извршниот директор на непрофитната организација „Копенхаген капасити“, Асбјорн Овергард.
На второто место на листата се наоѓа канадскиот град Торонто. Жителите посочуваат на инклузивната култура во градот и добриот план за вакцинација според кој се вакцинираат и жителите што не можат да го напуштат домот.
Фото: Торонто/Pixabay
На листата следуваат Сингапур, Сиднеј и Токио како едни од најсигурните градови за патување по пандемијата.
Извор:
Ekapija